Руската инвазија на Украина влезе во 52. ден. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека во седумнеделната руска инвазија на Украина, загинале 2,5-3 илјади украински војници, а десетици илјади се повредени. Гувернерот на областа Миколајев во петокот доцна навечер изјави дека пет лица загинале во гранатирањето на Миколајев, а Ројтерс не успеал да ја потврди информацијата. Во меѓувреме, Обединетото Кралство рече дека оштетувањето на транспортната инфраструктура на Украина како резултат на руските напади е „значаен предизвик“ за секој што се обидува да достави хуманитарна помош во северна Украина.
Експлозии во Киев и Лавов

