Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека сите земји во светот треба да бидат подготвени за можноста рускиот претседател Владимир Путин да употреби тактичко нуклеарно оружје во војната против Украина.
Во интервју за Си-Ен-Ен од кабинетот на претседателот во Киев, Зеленски рече дека Путин може да се сврти кон нуклеарно или хемиско оружје, бидејќи не ги цени животите на народот на Украина.

