9 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗАвстријци направија електричен хиперавтомобил помоќен од „Nevera“ (ФОТО/ВИДЕО)

Австријци направија електричен хиперавтомобил помоќен од „Nevera“ (ФОТО/ВИДЕО)

За разлика од некои други стартап компании кои остануваат на 3D моделот и даваат големи ветувања, „Deus Vayanne“ навистина постои. „Deus Automobiles“ е основана во 2020-та година, а веќе имаат готов хиперспортски автомобил, и тоа каков!

Станува збор за електричен автомобил со егзотичен изглед, за кој велат дека е „дизајнерски јазик на симетрија и бесконечност“. Сепак, возењето е уште поголемо изненадување. Автомобилот поставува нови стандарди во индустријата со својата максимална моќност.

Има максимална моќност од над 2.230 ks.

Познати се и перформансите, па така „Vayanne“ достигнува 100 km/h за 1,99 секунди, додека максималната брзина е 400 km/h.

Не е позната автономијата на возењето, ниту карактеристиките на батеријата.

Доколку се сомневате во овој автомобил и неговите можности, „Deus Automobiles“ потсетува дека многу реномирани имиња од автомобилската индустрија работат на неговиот развој.

Тука е „Italdesign“, но и „Williams Advanced Engineering“, кој има големо искуство во Формула 1.

Цената е непозната, а планирана е изработка на 99 примероци. Првите испораки започнуваат во 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП