22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската економија се движи кон најголемиот пад од 1994-та

Руската економија се движи кон најголемиот пад од 1994-та

Руската економија треба да се намали за повеќе од 10% во 2022-ра година, што е најголем пад на бруто домашниот производ на земјата од падот на Советскиот Сојуз во 1991-ва година.

Ова го изјави поранешниот руски министер за финансии Алексеј Кудрин, цитиран од „Reuters“.

Русија се соочува со зголемена инфлација и бегство на капитал, а истовремено се заканува и на можното неисполнување на долгот како резултат на тешките санкции наметнати од западните земји поради инвазијата на Украина.

Руското Министерство за економија и финансии моментално работи на ажурирање на прогнозите, рече Кудрин, кој сега е шеф на Националната ревизорска канцеларија.

„Официјалната прогноза ќе биде намалување на БДП-то од 10 проценти“, рече Кудрин, кој беше министер за финансии на земјата од 2000-та до 2011-та година.

Претходните прогнози на руската влада предвидуваа раст на бруто домашниот производ од 3% во оваа година, откако економијата порасна за 4,7% во 2021-ва година.

Анонимен извор близок до руската влада изјави за „Reuters“ дека Министерството за економија планира да го намали БДП-то меѓу 10% и 15% за оваа година.

Потенцијалниот пад од 10% би бил најголемиот пад на бруто домашниот производ од 1994-та година, според Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

На почетокот на овој месец, Светската банка предвиде дека руската економија ќе се намали за 11,2% во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП