21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ51. ден војна во Украина: Во Киев експлозии; Ракетни и артилериски напади...

51. ден војна во Украина: Во Киев експлозии; Ракетни и артилериски напади во Доњецк; Украина ја презеде одговорноста за потонувањето на крстосувачот

Педесеттиот ден од војната беше одбележан со потонувањето на рускиот крстосувач на Црното Море, а денеска е нов ден на конфликт кој повторно започна во Киев.

Гувернерот на руската област Брјанск, Александар Богомаз, вчера соопшти дека украинските сили отвориле оган врз селото Климово, кое граничи со северот на Украина, недалеку од градот Чернихив.

Генералштабот на украинската армија денеска соопшти дека руските сили во правец на Доњецк се обидуваат да ги окупираат населбите Попасна во источна Украина.

Резимето на штабот е дека непријателот се обидува да ги заземе Попасна и Рубезное, но не успева.

Се наведува дека руските сили продолжуваат со ракетни и артилериски напади врз цивилната инфраструктура, пренесува „Украинска правда“.

Експлозии во Киев, се огласија сирените

Во Киев рано утринава се слушнале силни експлозии, а ширум земјата се огласиле и сирени за воздушна опасност.

Засега нема информации за штети по експлозиите пријавени во Киев, Керсон во јужна Украина, источниот град Харков и Ивано-Франковск на западот од земјата, а украинските медиуми објавија дека има прекини на струја во делови од Киев, пренесува Ројтерс.

Сирените кои предупредуваат за воздушни напади се огласија во сите региони на Украина веднаш по полноќ, а продолжија да се огласуваат во источните региони Луганск и Запорожје, дури и откако тие замолкнаа во другите делови, објавија украинските медиуми.

Експлозиите кои се слушнаа во регионот на главниот град на Украина, како што се наведува, се најсилни откако руските војници се повлекоа од тоа подрачје на почетокот на месецов во подготовките за битките на југ и на исток.

Портпаролот на Пентагон: Русија има доволно капацитет на море

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби смета дека инцидентот со рускиот крстосувач „Москва“ краткорочно ќе влијае на рускиот воен потенцијал на море, истакнувајќи дека Русија „има доволно капацитет на море“.

Како што наведе тој, Русија има и имала меѓу 10 и 20 бродови кои биле активни во Црното и Азовското Море од почетокот на операцијата во Украина, па затоа е „тешко да се каже каков точно ќе биде ефектот од онеспособувањето на овој брод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП