22 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕБрз прилив на енергија: Напиток кој ќе ве разбуди побрзо од кафето

Брз прилив на енергија: Напиток кој ќе ве разбуди побрзо од кафето

Ако наутро ви треба повеќе време да се разбудите и да ја подигнете енергијата на вообичаено ниво, време е да го пробате овој феноменален шејк со зелен чај и јаболко.

Станува збор за напиток од здрави состојки кој ќе ви овозможи брз прилив на енергија кога ви е најпотребно.

Тој е едноставен за подготовка, па може да послужи и како појадок кога веќе доцните на работа по одложувањето на алармот и брзате да излезете од домот.

Состојки

– 1/2 шолја грчки јогурт

– 1 зелено јаболко (излупено и исецкано)

– 1/2 шолја незасладен зелен чај.

– 1 лажица мед или агава сируп

– 1/4 шолја листови магдонос

Подготовка:

Изблендирајте ги сите состојки со додавање на малку вода.

Во една порција од овој шејк има 165 калории, 10 гр протеини, 30 грама јаглени хидрати (3 гр влакна), 2 гр масти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП