11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТОткриена следната цел на Русија? Се огласи претседателот

Откриена следната цел на Русија? Се огласи претседателот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека целта на Русија е да го освои Донбас.

„Следната цел на Русија е да опколи 44.000 украински војници во битката за Донбас и да го окупира“, рече Зеленски.

„Најтешката ситуација за украинската армија е на истокот на земјата, но таму се концентрирани најспособните единици“, рече Зеленски.

Зеленски денеска ги повтори барањата на Киев да и се достави на Украина што е можно повеќе оружје, велејќи дека украинската армија не добила оружје доволно брзо за да го одбие рускиот напад.

„САД, Велика Британија и некои земји од ЕУ се обидуваат да ни помогнат и ни помагаат. Но, ни треба помош што е можно поскоро. Клучниот збор е сега“, рече Зеленски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП