17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТаткото на еврото тврди: „Спиралата излегува од контрола, одиме према дното“

Таткото на еврото тврди: „Спиралата излегува од контрола, одиме према дното“

Отмар Исинг, познатиот прв главен економист на Европската централна банка (ЕЦБ), кој се смета за еден од татковците на еврото, е многу загрижен за реакцијата на растот на цените.

86-годишникот, кој го основаше заедничкото централно банкарство на Европската унија, вели дека ЕЦБ „погрешно ја дијагностицирала“ инфлацијата и им вели на денешните носители на одлуки и експерти на ЕЦБ дека „живеат во фантазија“ додека инфлациската спирала „излегува од контрола“.

„ЕЦБ даде огромен придонес во оваа замка во која сме фатени и поради која се движиме кон стагфлациско опкружување“, рече таткото на еврото.

Оваа критика е можеби најнепријатната за раководството на ЕЦБ досега бидејќи Исинг нема репутација на „алтернативен“ или „неконвенционален“ економист, но сепак е незадоволен од предолгата политика на ниски каматни стапки и фактот што ЕЦБ собра неверојатни 4,9 илјади милијарди евра различни хартии од вредност кои ги купила за да ги стимулира економиите на еврозоната.

Инфлацијата во еврозоната собори нов рекорд со раст од 7,5 отсто, а се повеќе податоци укажуваат дека неодлучното забавување и укинувањето на монетарните стимулации може да донесат дополнително забрзување на растот на цените во април. Згора на тоа, станува сè поочигледно дека индексите на раст на потрошувачките цени повеќе не се драматични пред сè поради порастот на цените на енергијата, но сега имаме шокантни поскапувања на храната што ќе има тешки последици во посиромашните земји. Исинг оценува дека ЕЦБ направила голема грешка – не почнала да ја заострува монетарната политика ниту пред рускиот напад на Украина.

Глобалниот индекс на цените на храната ФАО (Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации) забележа рекордно ниво од своето основање, од 1990 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП