За прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина, САД испраќаат пософистицирано и потешко оружје во Киев, што некои претставници на администрацијата на Џозеф Бајден до пред неколку недели го сметаа за преголем ризик за ескалација на конфликтот , јавува CNN.
Списокот на безбедносна помош во вредност од 800 милиони долари се водел не само од директните барања од Украина, туку и од подготовките за нов тип на борба на отворените рамнини на југоисточна Украина, веднаш до Русија, на терен што ја претставува природната воена предност на Москва.

