3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорден профит на Hermes

Рекорден профит на Hermes

hermesnova

Француската модна куќа за луксузни стоки „Неrmes“ во првите шест месеци оствари рекорден профит кој беше над очекувањата и со тоа ја потврдија здравата економска политика на компанијата.

„„Неrmes“ практично во првата половина на оваа година оствари најдобри бизнис резултати од своето основање“, изјави сопственикот и генерален директор на компанијата, Партик Томас.

Инаку Томас за неколку месеци заминува во пензија, а управувањето на компанијата ќе го превземе неговиот досегашен заменик Фабијен Лоансо.

Нето профитот на „Неrmes“ во првата половина од 2013-та година е зголемен за 13.9 проценти или на 381.7 милиони евра. Оперативниот профит на компанијата во истиот период порасна за 14.3 проценти или на 584.1 милиони евра. Исто така забележан е рекорден скок на оперативната маргина за 33.1 проценти.

Цената на акциите на компанијата по објавувањето на резултатите од работењето забележа раст од 2.11 проценти или една акција сега чини 253.70 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП