7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа намирница е убедливо најлоша за бубрезите: А речиси 90 отсто од...

Оваа намирница е убедливо најлоша за бубрезите: А речиси 90 отсто од луѓето ја јадат секој ден!

Истражувањата покажаа дека речиси 90 отсто од луѓето сакаат да го започнат денот со сендвич, а речиси секогаш шунката е составен дел од овој утрински оброк . Многумина не се ни свесни колку таа е лошо за нејзиното здравје. Експертите советуваат да бидеме внимателни со оваа храна.

Пред се, треба да се истакне дека шунката содржи и некои добри хранливи материи, но предизвикува и еден „несакан ефект“ – задржување на водата во организмот.

За да има добар вкус, во оваа храна се додаваат поголеми количини сол, а според податоците кои ги презентира американското Министерство за земјоделство, 85 грама чадена шунка содржи дури 830 милиграми натриум.

Поради тоа, честото консумирање шунка доведува до задржување на водата во организмот, отекување на зглобовите, стапалата и рацете.

Негативните последици не завршуваат тука. Високиот внес на сол може да го влоши задржувањето на водата кај оние со висок крвен притисок, а со тоа да го зголеми притисокот врз крвните садови и да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар. Може да го забрза и губењето на калциумот од коските, што по подолг временски период може да доведе до сериозни проблеми со коските.

Покрај тоа, големи количини на сол директно негативно влијаат на бубрезите и црниот дроб.

Совет на нутриционистот е да се јаде шунка, но умерено. Исто така, би било добро да пиете повеќе вода после оброк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП