22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија сериозно се закани на Америка и НАТО

Русија сериозно се закани на Америка и НАТО

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков се огласи во врска со испраќањето помош за Украина во форма на оружје.

„Русија ќе ги смета американските возила и возилата на НАТО кои превезуваат оружје на украинска територија за легитимни воени цели“, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, цитиран од Ројтерс.

Говорејќи во интервју за руската државна новинска агенција, Тас Рјабков рече: „Предупредуваме дека транспортот на оружје меѓу Соединетите држави и НАТО преку украинска територија ќе го сметаме за легитимни воени цели. Им кажуваме на Американците и другите западњаци дека обидите за забавување на нашите специјални операции формациите, нанесување штета на руските контингенти и формациите на ДПР и ЛПР (Народни републики Доњецк и Луганск) ќе бидат остро потиснати“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска треба да излезе со изјава за испраќање дополнителна воена помош за Украина во вредност од 750 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП