4 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраинците го затворија кумот на Путин? Зеленски објави фотографија, се огласи Кремљ

Украинците го затворија кумот на Путин? Зеленски објави фотографија, се огласи Кремљ

На Телеграм профилот на Зеленски е објавена фотографија од шефот на политичкиот совет на партијата “Опозициска платформа – за живот” на Виктор Медведчук, со лисици.

И тоа откако, како што се наведува, бил уапсен во специјална операција на Украинската служба за безбедност (СБУ).

„Специјалната операција е изведена благодарение на СБУ. Браво! Детали подоцна“, се вели во пораката, заедно со објавената фотографија на Медведчук како седи со лисици во маскирна униформа.

За притворот на Медведчук повторно проговори и претседателот на СБУ Иван Баканов.

Тој им се заблагодари на сите претставници на СБУ, вклучително и контраразузнавањето и истражителите, кои „по инструкции на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја докажаа својата професионалност и ја спроведоа оваа молскавична и опасна повеќестепена специјална операција за апсење на пратеникот Медведчук“.

„Ниту еден предавник нема да ја избегне казната и ќе одговара според законот на Украина. За сета тежина, за сите злосторства на денешницата, кои доведоа до неговите лични постапки“, рече тој.

За веста за апсењето зборуваше и портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.

Тој нагласи дека фотографијата треба да се провери.

„Фотографијата со наводното апсење на Медведчук треба да се провери поради голем број професионални и непрофесионални фалсификати во Украина, вклучително и со помош на меѓународните ПР-агенции“, коментира Песков.

Претходно, Државното истражно биро (СБИ) на Украина соопшти дека украинскиот суд дозволил апсење на Медведчук, пренесе РИА Новости.

Тој е во домашен притвор од мај 2021 година, од каде, како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина, побегнал на 28 февруари, четири дена по рускиот напад на Украина и оттогаш се води како исчезнат.

Украинските власти го сомничат Медведчук за велепредавство и обиди за грабеж на националните ресурси на Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Медведчук е еден од најбогатите луѓе во Украина, а Форбс неговото богатство го проценува на 620 милиони долари.

Во Украина, Медведчук важи за сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, кој го нарекува „личен пријател“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар