25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка ќе исплати 738 денари бруто дивиденда по акција

НЛБ Банка ќе исплати 738 денари бруто дивиденда по акција

Добивката по оданочување на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година изнесува 2.219.107.210 денари.

Според предлог-одлуката распределбата на добивката за 2021 година се предлага на следниот начин:

  1. Дел од добивката во износ од 630.297.018 МКД (10.248.732,00 ЕУР со среден курс 61,5
    мкд/еур) да се распореди за исплата на дивиденда, со што акционерите ќе добијат 738 денари бруто дивиденда по акција.
  2. Дел од добивката во износ од 180.000.000 МКД (2.926.829,27 ЕУР со среден курс 61,5
    мкд/еур) да се распореди во задржана добивка за инвестициско вложување кое ќе служи
    за развојни цели односно вложувања во материјални и нематеријални средства за
    проширување на дејноста. Со издвојувањето на дел од добивката во задржана добивка за
    инвестициско вложување се користи даночно ослободување пропишано во член 28 со
    Законот за данок на добивка објавен во Сл. весник бр. 112/2014,…151 / 2021 година. Тоа
    значи дека со изготвувањето на даночниот биланс за деловната 2022 година се користи
    правото на намалување на даночната основа за искористениот износ на инвестициското
    вложување и утврдување на помал данок од добивка.
  3. Дел од добивката во износ од 666.424.312 (10.836.167,67 ЕУР со среден курс 61,5 мкд/еур)
    да се распореди во општ резервен фонд. Распределбата се врши со цел зајакнување на
    капиталната база на Банката.
  4. Дел од добивката во износ од 742.385.880 МКД (12.071.315,12 ЕУР со среден курс 61,5
    мкд/еур) да се распореди за акумулирана добивка, за која се има можност да се исплати како дивиденда во наредните години.

Годишно собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје е закажано за 12.05.2022 година со почеток во 13.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“ бр.1, 1000 Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП