30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНа јапонскиот пазар ќе се појави новиот Sai

На јапонскиот пазар ќе се појави новиот Sai

sai

Јапонскиот производител на автомобили Тојота за домашниот пазар го претстави новиот модел наречен „Sai“ кој може да се пофали со агресивениот изглед во однос на својот претходник. Редизајнираниот модел има нов преден дел со унапредена маска и „LED“ предни светла.

sai1

Спортскиот дизајн се пренесува и на задниот дел каде видливи се промените на задниот браник и на поклопецот на багажникот на кој задните светла се на целата должина. Тука е и сетот од 16 инчните тркала кои се направени од лесна легура, а купувачите на располагање ќе имаат три бои на екстериер, металик црвена, металик сива и металик сребрена.

sai2

Внатрешноста на возилото во голема мера е модифицирана со употреба на квалитетни материјали и модерен дизајн. Обезбедена е нова централна конзола, како и дополнителни компоненти од дрво, но и метални додатоци. На располагање е и новиот „SD Navigation“ систем со десет звучници и слот за „microSD“ картичка, „Blu-ray“ компатибилност и два „USB“ влеза.

sai3

„Sai“ го карактеризира 2.4 литарски мотор кој развива 150ks, како и 187Nm вртежен момент кој е поддржан од страна на електромотор кој развива 143ks и 270Nm вртежен момент.

Ваквиот систем овозможува вкупна излезна моќ од 190ks и просечна потрошувачка на гориво од 22.4L/100km. Моделот „Sai“ моментално е достапен само во Јапонија со цена од околу 24.655 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП