19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНовите антивирусни лекови делуваат на симптомите на болеста Ковид-19 за неколку часа

Новите антивирусни лекови делуваат на симптомите на болеста Ковид-19 за неколку часа

Во февруари, Британија одлучи да го прошири пристапот до оралниот антивирусен лек на Фајзер против Ковид-19, Паксловид, и да го примени за лекување на илјадници Британци со компромитиран имунолошки систем.

Здравствената служба во вторникот објави дека досега набавила близу пет милиони дози Паксловид и други слични антивирусни лекови, како што е Молнупиравир.

Паксловид, лек развиен од Фајзер, е одобрен за употреба во Обединетото Кралство, ЕУ и САД.

Студиите покажаа дека неговата употреба го намалува ризикот од смрт или хоспитализација за 88 проценти во клиничките испитувања спроведени кај лица со висок ризик во текот на пет дена од третманот.

Во моментов се советува да се зема лекот во раните фази на зараза.

NHS известува дека Паксловид досега примиле повеќе од 5.000 пациенти, од кои 1.200 само минатата недела.

Британија досега има пријавено 170.000 смртни случаи од последиците на Ковид-19, а премиерот Борис Џонсон го вклучи Паксловид во план што ќе му овозможи на населението да продолжи да живее подобро со коронавирусот.

Тој посочи дека тоа е важно бидејќи може да ја намали смртноста кај оние кои не виделе поголеми придобивки од заштитата од вакцините, како што се лицата со намален имунитет.

Додека учиме да живееме со Ковид, Обединетото Кралство продолжува со најсовремените третмани кои веќе ги спасија животите на најранливите пациенти во нашата земја, изјави министерот за здравство Саџид Џавид.

Покрај Паксловид, истражувачите ги испитуваат ефектите на Молнупиравир, пилула произведена од Merck & Co и Ridgeback Biotherapeutics.

Овој лек, за кој клиничките испитувања покажаа дека го намалува ризикот од хоспитализација или смрт за 30 отсто, беше одобрен во ноември 2021 година.

Третманот со Паксловид и Молнупиравир го спречува размножувањето на вирусот во клетките, помагајќи им на пациентите полесно да се борат против инфекцијата и побрзо да закрепнат.

Професорот Стефан Повис, лекар и директор на NHS, вели колку е фантастично што, откако најновиот антивирусен лек Паксловид беше лансиран пред нешто повеќе од еден месец, илјадници најранливи пациенти се вклучени во овој нов третман кој спасува животи. Антивирусните лекови се уште едно оружје во нашиот арсенал, а нивната цел е да го намалат бројот на хоспитализирани и смртни случаи кај пациентите со најголем ризик од развој на потешки форми на Ковид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП