1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ48. ден војна во Украина: Уништен украински „Бајрактар“; Макрон сака да оди...

48. ден војна во Украина: Уништен украински „Бајрактар“; Макрон сака да оди во Киев

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа во видео обраќање изјави дека руските сили би можеле да употребат хемиско оружје во Украина, но не кажа дали веќе е употребено хемиско оружје.

Британското разузнавање предвидува ескалација на непријателствата во Донбас во следните 2-3 недели.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека е подготвен да отпатува во Киев или во кој било друг град во Украина само ако верува дека неговата посета ќе помогне во актуелната криза.

Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови од почетокот на војната во Украина, а Обединетите нации утврдиле дека оттогаш загинале 142 деца, иако тој број е секако многу поголем, соопшти УНИЦЕФ.

Во градот Стриј, регионот Лавов, демонтирана е стела – споменик на советски војник.

Министерството за одбрана потврди дека е уништен украинскиот Бајрактар ​​кај западниот брег на Крим.

Беспилотното летало вршело извидување на дејствата на бродовите на Црноморската флота, како и на крајбрежните и копнените позиции на воената опрема на Вооружените сили на Руската Федерација. Тој бил погоден со проектили од бродскиот ПВО систем „Стил“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП