18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТНехамер по средбата со Путин: Директно, отворено и тешко

Нехамер по средбата со Путин: Директно, отворено и тешко

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека средбата со рускиот претседател Владимир Путин недалеку од Москва била „директна, отворена и тешка“, пренесува Ројтерс. Ова беше прва средба меѓу двајцата официјални лица од почетокот на руската инвазија на Украина пред повеќе од шест недели.

Во изјавата по средбата, која траеше 75 минути, Нехамер изјави дека тоа не е пријателска посета и дека целта е да се исцрпат сите можности за прекин на конфликтот или барем да се постигне хуманитарен напредок за украинските цивили.

Тој додаде дека неговата најважна порака до Путин е дека војната во Украина мора да заврши бидејќи сите се губитници во војната, пишува Ројтерс.

Иако Австрија одржува поблиски односи со Русија од повеќето членки на ЕУ, таа изрази солидарност со Украина од почетокот на руската инвазија на земјата на 24 февруари и ги осуди наводните руски злосторства.

Неутрална Австрија обезбедува 80 отсто од потребите за гас од Русија.

Нехамер во саботата ја посети Украина за да изрази поддршка за Киев.

Тој рече дека смета дека средбата со Путин е негова обврска „за ниту еден камен да не остане недопрен“ во обид да се стави крај на војната или да се постигнат хуманитарни подобрувања.

Додека германскиот канцелар Олаф Шолц ја поздрави средбата меѓу Нехамер и Путин, реакциите во Австрија беа различни – од изненадување, скептицизам, до лута осуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП