3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски: Не сум подготвен да дадам ниту еден дел од територијата во...

Зеленски: Не сум подготвен да дадам ниту еден дел од територијата во замена за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде интервју за емисијата „60 минути“ на Си-би-ес, што се емитуваше синоќа.

Зеленски рече дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во разговорите за ставање крај на војната, но на прашањето дали е подготвен да се откаже од кој било дел од Украина за мир, тој рече дека „не е подготвен да се откаже од својата земја“.

Тој исто така рече дека никогаш нема да го признае Крим како руска територија и покрај тоа што полуостровот беше анектиран од Русија во 2014 година.

Американскиот претседател Бајден и лидерите на НАТО изразија бес поради руските злосторства во Буча и го прашаа Зеленски што треба да направат понатаму, на што тој одговорил: „Тие мора да достават оружје во Украина“.

Зеленски рече дека Украинците си го бранат правото на живот.

„Никогаш не мислев дека ова право е толку скапо. Тоа се човечки вредности што Русија не може да избира што да правиме и како јас да ги искористам моите права. Тоа право ми го дадоа Бог и моите родители“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател изјави и дека е подготвен да си го даде и животот за својата земја.

„Не сакам да изигрувам херој. Го сакам моето семејство. Сакам да живеам уште многу години, но помеѓу бегството и да бидам со мојот народ, секако дека сум подготвен да си го дадам и животот за мојата земја“, порача Зеленски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП