3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во еврозоната изнесува 12,1 %

Невработеноста во еврозоната изнесува 12,1 %

C

Cтапката на невработеност во еврозоната во јули мирувала на рекордните 12,1 процент, додека вкупниот број на луѓе без работа е малку намален во однос на претходниот месец.

Бројот на невработени во 17-члената еврозона е намален минатиот месец за 15.000 на 19,23 милиони, откако во јуни падна за 35.000, наведува Европскиот завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

На ниво на цела Европска унија, вклучувајќи ја и Хрватска, невработеноста мирувала на 11 проценти, односно 26,65 милиони лица биле без работа, што е за 33.000 помалку во однос на јуни, кога бројот на невработени е намален за 43.000.

На годишно ниво,сепак,  невработеноста се зголемила како во еврозоната така и во ЕУ, а без работа останале милион луѓе повеќе во однос на јули 2012 година, што ги отсликува размерите на штетата која ја донесе економската и должничка криза.

Најниска стапка на невработеност е забележана во Австрија (4,8 проценти), потоа во  Германија (5,3 проценти). Највисока стапка на невработеност има Грција (27,6 проценти во мај) и во Шпанија (26,3 проценти).

Невработеноста меѓу младите од 16 до 25 години и понатака е многу висока и во еврозоната изнесува 24 проценти, а во ЕУ 23,4 проценти, по 23,9 односно 23,5 проценти во јуни. И во оваа старосна граница најмногу е погодена Грција, каде без работа се 62,9 проценти од младите, како и Шпанија со 56,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП