Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 1,00 денар/литар, а малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) се намалува 2,00 денари/литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,127 денар/кг и сега ќе изнесува 51,535 денар/кг.
Од 12.4.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 82,00 (денара/литар)
Дизел гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 80,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 51,335 (денариа/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините – 1,340 %, кај дизелот – 2,582 %, кај екстра-лесното масло – 1,594 % и кај мазутот намалување од 3,350 %.