26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција не се откажува од руските туристи: Основаат авиокомпанија само за нив

Турција не се откажува од руските туристи: Основаат авиокомпанија само за нив

Турските власти планираат да формираат специјална авиокомпанија за превоз на руски туристи во турските одморалишта, јавува Би-Би-Си.

Се проценува дека ваквата одлука уследила откако Европската агенција за воздухопловна безбедност ги суспендирала сертификатите на сите руски авиокомпании.

„Ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина доведе до проблеми во туристичкиот сектор во Турција, бидејќи двата пазари се многу важни за бизнисот“, пишува турскиот весник „Сабах“, повикувајќи се на извештаи на руската новинска агенција Интерфакс.

Новата авиокомпанија треба да биде со седиште во Анталија, на медитеранскиот брег на Турција.

„Благодарение на таа компанија ќе биде можно да се привлечат дополнителни милион руски туристи“, се вели во извештаите.

Покрај тоа, Туркиш ерлајнс наводно се договорил со руските агенции да резервира блокови за седишта за руските туристи на своите летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП