15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКадиров: Ви гарантирам дека ќе ги окупираме Донбас, Киев и сите други...

Кадиров: Ви гарантирам дека ќе ги окупираме Донбас, Киев и сите други градови

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров утринава изјави дека ќе има руска офанзива во Украина.

Кадиров преку својот канал Телеграм порача дека руската армија ќе го нападне не само Мариупол, туку и Киев и другите украински градови.

„Ќе има офанзива…не само во Мариупол, туку и во други места, градови и села“, рече Кадиров.

„Луганск и Доњецк – прво целосно ќе ги ослободиме – а потоа ќе ги окупираме Киев и сите други градови“, додаде тој, како што пренесуваат локалните медиуми.

Кадиров вели дека нема сомнеж за Киев. „Ви гарантирам: нема да направиме ниту еден чекор назад“, рече Кадиров.

САД и ЕУ го обвинуваат Кадиров за кршење на човековите права, што тој го негира.

Според западните медиуми, Москва двапати се борела со сепаратистите во Чеченија, но оттогаш вложила големи суми пари во реконструкција во регионот со мнозинско муслиманско население во јужна Русија и му дала на Кадиров голема автономија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП