Докажано е дека пушењето цигари предизвикува рак и нормално дека би било најдобро во овој момент да ги оставите цигарите и повеќе да не ги запалите…
Сепак, доколку не сте ја донеле таа одлука сеуште, би требало да ги исчистите своите бели дробови, особено ако пушачкиот стаж ви е подолг од пет години.
Состојки кои ќе ви бидат потребни се следните:
– 1 литар вода
– корен од ѓумбир (околу 2 см)
– 400 гр шеќер
– 400 гр лук
– 2 лажици куркума

Подготовка:
Ставете ја водата и шеќерот во тенџере на оган и загрејте ги на средна температура додека не зовријат, а потоа додадете ги останатите состојки. Лукот претходно испасирајте го или исецкајте го колку што можете поситно, а ѓумбирот исчистете го и изрендајте го. Кога ќе се олади мешавината на собна температура, ставете ја во тегла во фрижидер.
Консумирајте секое утро на празен стомак по две супени лажици и навечер пред спиење повторете ја постапката. Овој еликсир ги прочистува белите дробови кај пушачите.