17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМаск побогат од Безос за 100 милијарди долари

Маск побогат од Безос за 100 милијарди долари

Според најновата листа на Форбс, американскиот милијардер Илон Маск дополнително го зголемил своето богатство кое сега се проценува на 282 милијарди долари.

Тоа е речиси за 100 милијарди долари повеќе од богатството на основачот на Амазон, Џеф Безос.

Богатството на Безос се проценува на 183,6 милијарди долари, објави „Дејли мејл“.

Сопственикот на „Тесла“ и „Спејс екс“ го заработил најголемиот дел од своето богатство од почетокот на пандемијата, чија вредност на почетокот на 2020 година изнесувала 26,6 милијарди долари, наведува британскиот весник.

Во 2020 година, богатството на Маск се зголеми за 110 милијарди долари, што е најголем пораст во една година откако Форбс ги следи приходите на најбогатите луѓе во светот.

Заработил 90 милијарди долари во 2021 година, кога го собори Безос од лидерската позиција.

Меѓу петте најбогати луѓе во светот е Бернард Арно со 167,4 милијарди долари, потоа Бил Гејтс со 134,2 милијарди, а петти е Ворен Бафет со 127,3 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП