19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлон Маск: „Тесла“ може да почне да копа литиум

Илон Маск: „Тесла“ може да почне да копа литиум

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, на Твитер објави дека цените на литиумот скокнале и дека компанијата ќе мора да започне со ископување на овој метал доколку цените не паднат.

Компанијата „Тесла“ е најпозната по електричните автомобили, кои користат литиумски батерии, па така растот на цената на овој метал значително влијае на работата на компанијата.

„Цената на литиумот достигна ненормално ниво! Тесла можеби ќе треба да започне да го копа и преработува, доколку цените не се подобрат. Нема недостиг од самиот елемент, литиумот го има речиси насекаде на Земјата, но процесот екстракција/прочистување е бавен“, рече Маск на Твитер.

Литиумот е еден од најлесните метали кој покрај за производство на литиумски батерии се користи и за производство на алуминиум, гума, пластика, клима уреди и апсорбери на влага.

Може да се екстрахира на различни начини, во зависност од видот на наоѓалиштето – обично со соларно испарување на големи базени со солена вода или екстракција на руда од тврдите карпи.

Најголем производител на литиум е Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП