9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден напиток кој го отстранува лошиот здив

Природен напиток кој го отстранува лошиот здив

Подгответе едноставен еликсир со чија помош ефикасно ќе го освежите својот здив…

Покрај редовното миење на забите, плакнењето на устата е исто така важно за одржувањето на хигиената на устата. Имено оваа едноставна постапка ја отстранува храната и насобраните бактерии кои предизвикуваат напријатен мирис.

Па, иако течностите за плакнење на устата се достапни во сите продавници, сакаме да ги избегнеме нивните агресивни состојќи, па затоа ви препорачуваме сами да направите природен и евтин еликсир кој го елиминира лошиот здив.

Зелените листови од магдоносот имаат силна и свежа арома, а нивната интензива зелена боја која укажува на изобилство од хлорофил е најдобриот природен борец против лошиот здив бидејќи поседува антибактериски својства.

Иако џвакањето на листови од магдонос се препорачува веднаш по некои јадења кои содржат силен мирис, чајот од магдонос е попрактичен и поделотворен метод за борба против лошите бактерии во усната шуплина.

Состојки:

– половина шака свеж магдонос

– ½ литар вода

Подготовка

Во сад на оган ставете ја водата и додадете го исецканиот магдонос, а потоа оставете да се вари околу пет минути. Потоа процедете го чајот, оладете го и консумирајте го по секој оброк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП