1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГо продавате автомобилот, еве како да ја одредите цената

Го продавате автомобилот, еве како да ја одредите цената

timthumb (2)

Поради некоја причина одлучувате да го продадете вашиот автомобил, но никако неможете да ја одредите вистинската цена. Не се грижете, не сте единствените. Еве неколку препораки како со помалку стрес да се одлучите за цената, а подоцна да не се покаете поради прениската цена, но и да не чекате со месеци.

Прв чекор нормално е перење, чистење, полирање и „шминкање“, а вториот е одредување на продажната цена.

Ви препорачуваме кон ова прашање да пристапите сериозно и тоа чекор по чекор. Ако ништо друго, барем на крајот нема да си префрлате себеси доколку не излезат работите како што треба.

Предности и мани.

Оргинална километража – доколку можете со помош на сервисна книшка да докажете дека километражата не е менувана би требало да имате голема предност во однос на конкуренцијата. Се подразбира дека потенцијалните купувачи можат тоа да го проверат во овластените сервиси.

Сочуван ентериер – внатрешноста на возилото честопати одигрува пресудна улога во одлуката на купувачите, поради тоа што многумина врз овој заклучок проценуваат колку автомобилот навистина бил возен, дали е користен како службено возило или како такси, но и дали е водена соодветна грижа за него.

Лимарија и боја – во зависност од вредностите на автомобилот, секогаш се исплати да го исполирате пред да го продадете. Доколку постојат сериозни гребаници или оштетувања, би било подобро во рамките на огласот детално да објасните за што станува збор, колку тоа е сериозно и колку би можела да чини поправката. Така ќе добиете доверба кај купувачите, иако на прв поглед тоа делува дека токму тоа може да ги одбие.

Атрактивност – колку и да делува ова банално, атрактивните автомобили лесно се продаваат и тоа по повисока цена. Ако вашиот автомобил има металик боја, поголеми и пошироки тркала од вообичаените, тонирани стакла и слично, бидете свесни дека врз основа на ова можете да добиете повеќе пари.

Опрема – никој веќе несака автомобил без клима уред. Праксата покажува дека парите вложени во дополнителна опрема кај нов автомобил само делумно може да се вратат при продажбата, но тоа незначи дека треба да се откажете од пофалбата на вашиот автомобил и да инсистирате на повисока цена.

timthumb (3)

Споредба со други слични.

За да добиете претстава колку навистина вреди вашето возило на пазарот, морате да го истражите пазарот.

Разгледајте ги авто-огласите во весниците или на интернет, прегледајте ја целата понуда на конкретниот модел за да можете да добиете слика за понудата и цената, а потоа споредете го вашето возило со друго со ист мотор, ниво на опрема и состојба на автомобилот.

Конечна одлука.

Врз основа на собраните информации одредете ја цената. Одлучете се дали сакате цената да биде фиксна или да оставите простор за намалување.

Двете опции имаат свои негативни страни. Фиксната цена на стартот одбива некои од потенцијалните купувачи, а ценкањето може да биде премногу досадно.

Имајте на ум дека скоро секој автомобил на крајот се продава по пониска цена од онаа која е истакната во огласот.

Дефинирајте во кој временски период сакате да го продадете автомобилот. Доколку се брзате, а премалку има заинтересирани ќе морате да ја корегирате цената.

Доколку не се брзате, слободно ставете малку повисока цена и чекајте го купувачот. Доколку никој не се јавува или јавувањата се без резултат, очигледно е време за корекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП