25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТАвион на НАТО следел српски цивилен авион на лет од Русија, Вучиќ...

Авион на НАТО следел српски цивилен авион на лет од Русија, Вучиќ бара објаснување

Српскиот претседател, Александар Вучиќ синоќа на РТС изјави дека авион на НАТО во рускиот воздушен простор следел цивилен лет на српски авион кој летал од Москва за Белград.

Наводниот инцидент се случил завчера, а Вучиќ најави дека ќе побара информации од Русија и НАТО.

Тој синоќа на РТС, како што пренесува Телеграф, го прочитал официјалниот извештај од завчерашниот лет.

„Тој доцнеше три часа и 20 минути. Недалеку од руската граница со Латвија, бевме предупредени да се обидеме визуелно да го идентификуваме авионот до нашиот. Имаше воен ловец до него. Очигледно имаше авион на НАТО во рускиот воздушен простор. Се движеше од лево кон десно, но без да ја загрози безбедноста на нашиот авион. Потоа брзо исчезна од видното поле“, изјави Вучиќ.

Ќе побара објаснување од НАТО

Вучиќ рече дека се работи за воен ловец и дека авионот наликува на Phantom 15 или Eurofighter.

„Утре ќе побараме дополнителни информации од Русите, но ќе побараме и информации од НАТО и да видиме кој се прави паметен, со кои ловци ја загрозува цивилната авијација и ги загрозува цивилите на лет. Зошто се прават паметни, или тоа е случајност, но би било убаво да ни го каже некој тоа“, изјави тој за Српската радио-телевизија (РТС), пренесува Ал Џезира Балканс.

Тој рече дека Србија ги има точните координати на местото каде што се појавил авионот.

„Ова ви го кажувам за да го разберете обемот на притисокот со кој се соочуваме бидејќи Србија е единствената земја која има летови со Москва и Санкт Петербург на исто ниво како што имаше. Тие рекоа дека во нашите авиони има украинска крв. Не се сеќавам на  запрени летови Киев – Лондон, Киев – Будимпешта и Киев – Виена кога НАТО ја бомбардираше Србија“, рече Вучиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП