24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦени на горивата во светот и регионот: Литар во Венецуела чини два...

Цени на горивата во светот и регионот: Литар во Венецуела чини два центи, во Хонг Кoнг 2,62 евра

По руската инвазија на Украина, дојде до силен скок на светските цени на енергенсите. Податоците на веб-страницата „Глобалпетролпрајсис“ покажуваат дека цената на еден литар бензин е највисока во Хонг Конг – 2,62 евра.

Европските земји доминираат на врвот на листата, па заедно со Хонг Конг, во првите пет земји се и Холандија, Монако, Норвешка и Финска.

Најевтиниот литар бензин во светот е во Венецуела, каде што чини само два евроценти (0,023 евра).

Во Либија чини околу три евроценти и во Иран речиси пет евроценти.

Во земјите од регионот бензинот е најевтин кај нас – 1,33 евра, а најскап во Црна Гора – 1,74 евра, според Глобалпетролпрајсиес.

Во Србија литар бензин чини 1.495 евра, во Словенија 1.503 евра, во Босна и Херцеговина 1,54 евра, а во Хрватска 1,58 евра.

Еден литар бензин во САД чини 1,1 евро, и таа цена е сепак многу пониска отколку во останатиот дел од индустријализираниот свет.

Извор: globalpetrolprices

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП