24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите од 24 февруари отвориле 318 нови фирми во Србија

Русите од 24 февруари отвориле 318 нови фирми во Србија

Директорот на Агенцијата за деловни регистри на Србија, Милан Лучиќ изјави дека од 24 февруари кога почна војната во Украина, во Србија се отворени 318 компании чии основачи се од Руската Федерација.

„Од нив, 95 се компании, а 223 се претприемачи. Ако го погледнеме вкупниот број на новоосновани компании од почетокот на оваа година, тоа е нешто помалку од три отсто од вкупно регистрираните“, изјави тој за РТС.

Тој изјави дека во многу помал обем се отвораат фирми чии основачи се од Украина, а од почетокот на војната се регистрирани шест такви фирми.

Кога станува збор за дејностите со кои се занимаваат овие компании, рече дека се работи за неспецијализирана трговија на големо, консултантски дејности поврзани со бизнис и компјутерско програмирање.

Според него, кога се гледа само сегментот на новоосновани компании од 24 февруари, доминантен код на дејност е компјутерското програмирање.

„Тоа ни кажува дека оваа бројка воопшто не е тренд, туку само последица на актуелните меѓународни околности и веројатно обид на нашата економија да заврши некои тековни работи“, истакна Лучиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП