Речиси целосното закрепнување на рубљата не е знак дека руската економија се спротивставува на санкциите на Вашингтон и неговите сојузници, изјави денеска министерката за финансии на САД, Џенет Јелен.
Руската економија само се „тетерави“ од санкциите воведени на крајот на февруари, изјави Јелен пред финансискиот комитет на Претставничкиот дом, пренесе Ројтерс.

