Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека целосната забрана за извоз на руска нафта очигледно ќе доведе до „огромно зголемување“ на цените на светскиот пазар, што ќе им наштети на Соединетите Држави и нивните демократски сојузници, пренесува Гласот на Америка.
Во своето сведочење пред Комисијата за финансии на Претставничкиот дом, Јелен вчера рече дека се надева оти нафтените компании во САД и другите делови на светот, мотивирани од сегашните високи цени на таа енергија, ќе можат да го зголемат производството во следните шест месеци, по што би можеле да воведат построги ограничувања за руската нафта.

