11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗеленски: Воведете посилни санкции кон Русија, ова не е доволно

Зеленски: Воведете посилни санкции кон Русија, ова не е доволно

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги повика меѓународните влади да ги зајакнат санкциите против Русија, нагласувајќи дека ако тоа не се стори ќе биде еднакво на „дозвола“ за продолжување на нападите врз Украина.

„Во средата западните земји објавија нов пакет санкции против Руската Федерација. Овој пакет изгледа спектакуларно, но не е доволен“, рече Зеленски, пренесе Би-би-си.

„Меѓутоа, тешко може да се нарече пропорционално на злото што светот го виде во Буча. Тешко е пропорционално со злото што продолжува во Мариупол, Харков, во обидот на Русија да започне нова крвава офанзива во Донбас“, додаде Зеленски.

Тој вели дека Украина продолжува да инсистира на целосна блокада на рускиот банкарски систем и демократскиот свет да одбие да купува руска нафта.

Претседателот на Украина ги повика и западните лидери кои се уште не нашле сила да и се спротивстават на Русија.

„Некои политичари сè уште не можат да одлучат како да го ограничат приливот на долари и евра во Русија од трговијата со нафта, за да не ги загрозат сопствените економии“, додаде тој.

Зеленски предвидува дека сигурно ќе се воведе ембарго на руската нафта.

Прашањето е само уште колку украинци мажи и жени ќе треба да убие руската армија за да бидете одлучни вие, одредени политичари, а ние знаеме кои сте вие“, истакна Зеленски, пренесува Ројтерс.

Австралија воведе санкции за 67 руски државјани.

Австралискиот министер за надворешни работи Мери Пејн изјави денеска дека Австралија воведува санкции за 67 руски државјани поради рускиот напад врз Украина.

„Денеска објавувам уште 67 казнени мерки насочени кон руската елита и олигарсите, блиски до рускиот претседател Владимир Путин, кои му помагаат и ги поддржуваат неговите акции без преседан“, изјави Пејн за новинарите по пристигнувањето во седиштето на НАТО во Брисел, пренесе Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП