14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРуски тенкови гаѓаат маж додека вози велосипед!? Страшна сцена од Буча(ВИДЕО)

Руски тенкови гаѓаат маж додека вози велосипед!? Страшна сцена од Буча(ВИДЕО)

Се појави видео на кое се гледа како руски војници убиваат велосипедист во Буча.

Воздушна снимка покажува човек на велосипед како вози по улица. Потоа се симнал од велосипедот и го туркал зад аголот. Во негов правец беа испукани неколку рафали од оклопни возила, по што на местото на настанот можеше да се забележи прашина и чад. Видеото е направено на крајот на февруари и е снимено од украинската армија, а неговата автентичност ја провери и Њујорк Тајмс.

Телото на велосипедистот било пронајдено на истото место, откако руските сили се повлекле од тоа подрачје. Весникот објави сателитски снимки во понеделникот, кои покажуваат дека неколку тела лежеле на улицата во Буча во средината на март, пред руските сили да се повлечат.

Од овие снимки не може да се утврди причината за нивната смрт. Снимката од нападот во Буча ја налути меѓународната јавност.

Украинската и американската влада ги обвинуваат руските сили за многу цивили убиени во Буча. Москва го негира ова, велејќи дека обвинувањата против руската армија се неосновани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП