28 март, 2024
ПочетнаКОРОНАСЗО: Смртноста од Ковид-19 опадна за 43 проценти во изминатата недела

СЗО: Смртноста од Ковид-19 опадна за 43 проценти во изминатата недела

Повеќе од девет милиони луѓе во светот се заразиле со корона ирусот минатата недела, а повеќе од 26.000 починале, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, стапката на смртност од коронавирусот е намалена за 43 отсто во изминатата недела.

„По зголемувањето забележано во првата половина на март, бројот на нови случаи на Ковид-19 опаѓа втора недела по ред, со 16 отсто помалку случаи во неделата од 28 март до 3 април во споредба со неделата претходно“, соопшти СЗО во неделниот епидемиолошки преглед.

Во периодот од 28 март до 3 април имало вкупно 10.351.818 нови заразени и 26.285 починати.

Бројот на нови инфекции е намален во сите шест глобални региони на СЗО, особено во Африка (19 проценти), Европа (16 проценти), Западен Пацифик (16 проценти), а бројот на смртни случаи е намален – особено во Југоисточна Азија, дури и 73 проценти и во Америка – 63 проценти.

Најголем неделен број на нови случаи на инфекција е забележан во Јужна Кореја, а потоа следат Германија, Франција, Виетнам и Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП