15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕксперти: Постои многу важна работа при купување и продавање на половен автомобил,...

Експерти: Постои многу важна работа при купување и продавање на половен автомобил, а тоа нема врска со староста или километражата

Анализата на најпознатите германски платформи за продажба на автомобили, спроведена од регионален профилиран медиум, покажа резултати кои ќе изненадат многумина.

Бојата не е прашање на тренд, туку на движење на пазарот, иако многумина мислат поинаку. Истражувањата ја поддржуваат оваа ставка, што може значително да влијае на цената на автомобилите.

Анализата на најпознатите германски платформи за продажба на автомобили, спроведена од регионален профилиран медиум, покажа дека виолетовите автомобили ќе изгубат на цена за дури 27 отсто во однос на просечната цена на возилата од ист тип и перформанси.

Дополнително, ако автомобилот е сребрен, губи 25 отсто, златниот околу 23 отсто, црвениот 11 отсто, синиот 10 отсто и на крајот зелениот само 1 отсто.

-Можеби црвената е одличен избор за Ферари, но ако купите деловен седан како Фолксваген Пасат или БМВ Серија 5, таа боја е несоодветна, односно ќе ви задава главоболки при продажбата – наведува најпознатата германска платформа за продажба на половни автомобили „Mobile.de“.

Нема да погрешите ако купите портокалово возило бидејќи тоа носи околу 5 отсто повисока цена од просечната при продажба на возило, уште подобри се белата со 6 отсто, црната со 10 отсто, сивата со 10 отсто и жолтата со 13 отсто.

Од оваа платформа забележале дека истите автомобили со поживописни бои се гледаат многу помалку на онлајн рекламите отколку оние со понеутрални бои како сива или црна.

Овие експерти предупредуваат дека при купувањето секогаш треба да имате на ум дека бојата мора да одговара на класата на автомобилот, односно просекот – доколку сакате добро да го продадете половното возило.

Затоа, избегнувајте ги трендовските бои, кои веќе некое време се во мода, но брзо ќе станат трн во око.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП