19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на берзите, раст на доларот

Пад на берзите, раст на доларот

Вредноста на акциите на азиските берзи денеска падна, по падот на Волстрит претходниот ден, но доларот зајакна во однос на претходните денови откако американската централна банка (ФЕД) објави заострување на монетарната политика, пренесуваат агенциите.

Азиско-пацифичкиот берзански индекс (MSCI), без јапонскиот, беше во минус 1,2 отсто.

На токиската берза индексот Nikei падна за 1,6 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,2 и 1,4 отсто, пренесува Reuters.

Претходно во текот на денот, берзанските индекси паднаа на Волстрит бидејќи инвеститорите се загрижени поради пораките дека американската централна банка би можела да ја заостри монетарната политика поагресивно од очекуваното.

Британската агенција оценува дека инвеститорите се водени во дефанзива од пораките на ФЕД за методично зголемување на каматните стапки со цел да се доведе монетарната политика на „понеутрална позиција“ во текот на годината, со дополнително заострување на политиката доколку е потребно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП