28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиртуелен саем за пракса и во Македонија

Виртуелен саем за пракса и во Македонија

За прв пат во Македонија се одржува Виртуелен саем за практиканство кој ќе биде три дневен настан и ќе се одржи од 16-ти до 18-ти Мај 2022 година. Целта на саемот е поврзување на што поголем број студенти и дипломци со компании за пракса и идно вработување од цела Македонија.

Виртуелен е поради тоа што ќе биде на ниво на цела Македонија без никакви просторни огранучување, за да може секој студент да присуствува и да разговара со потенцијлен работодавач со цел да си ја пронајде неговата идна пракса и да ја стартува својата кариера.

Организатор на настанот е bintern.com, првата македонска платформа која поврзува компании со млади кадри за пракса и вработување.

Најдоброто време да се засади дрво беше пред 20 години, а следното најдобро време е денес! – Кинеска поговорка.

Тоа во контекст на саемот значи дека инвестирањето во млад кадар, односно практиканти е најважното нешто што треба да го прават компаниите. Вашите денешни практиканти ќе прераснат во вработени кои ќе ја водат компанијата напред. А исто така и дека секој студент и дипломец треба да биде активен и да бара можности за пракса уште денес, со цел утре да прерасне во професионалец.

Неколку работи кои ќе се случуваат од 16-ти до 18-ти мај на Виртуелниот саем за практикантство се:

– Панел дискусии:

Споделување на знаење, искуство, мислења, идеи помеѓу компаниите и студентите со цел подобрување на практикантството во Македонија.

-Вмрежување:

Одлична можност за вмрежување на студентите и дипломците со компаниите. 

-Наоѓање на пракса и започнување на кариера

Компаниите кои ќе бидат дел од саемот имаат отворени позиции за пракса и активно бараат млади и амбициозни луѓе, токму еден од нив можеби сте и вие.

-Многу посетители

Можност за поврзување со голем број на студенти и дипломци кои се заинтересирани да ја започнат нивната кариера. И одлична можност за претставување на компаниите.

Бидете дел од овој незаборавен саем и стекнете се со нови контакти од цела Македонија. Преку саемот се очекува склучување на многу успешни соработки помеѓу компаниите со студентите и дипломците. 

Повеќе информации и начин на пријавување на vfair.bintern.com или можете да се обратите на [email protected] / +389 75 321 496.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП