19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза објави Билтен за март 2022 година

Македонска берза објави Билтен за март 2022 година

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03 – 31.03.2022 година вкупниот промет изнесувал 705.188.350 денари и е намален за 33,92 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 362.473.605 денари и е намалено во однос на февруари за 38,50 отсто кога изнесувало 589.361.057 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 358.117.488 денари и обврзници во вредност од 4.356.117 денари.

Блок трансакциите во март изнесувале 310.556.745 денари и се намалени за 24,16 отсто во однос на февруари.

Бројот на трансакции во март изнесувал 1.466 и е намален за 34,32 отсто во однос на февруари кога изнесувал 2.232.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за март се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за март 2022 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП