24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУкраински блогер снима како изгледа ноќниот живот во Киев среде војна(ВИДЕО)

Украински блогер снима како изгледа ноќниот живот во Киев среде војна(ВИДЕО)

Блогерот Антон Птушкин, кого на „Јутјуб“ го следат 267.000 луѓе, сними видео за актуелниот живот во Киев.

Тој шета низ градот и вели дека се чувствува како да е во паралелна реалност додека поминува покрај урнатини на продавници и аптеки што ги посетувал последните десет години.

Антон исто така интервјуира луѓе што се кријат во тунели на подземни железници, во подруми, но и во ноќни клубови каде што пијат и танцуваат за да се релаксираат во овие времиња.

Посетил и болница, каде што сретнал деца што биле повредени и чии родители починале штитејќи ги.

Видеото на „Јутјуб“ набргу се прошири на социјалните мрежи. Твитерџиите пишуваат дека видеото на Антон е важно и поучно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП