29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД повторно ќе ги зголеми каматните стапки, се чека потег од Европската...

ФЕД повторно ќе ги зголеми каматните стапки, се чека потег од Европската централна банка

Федералните резерви, кои ја зголемија основната каматна стапка во март за прв пат по повеќе од три години (за 0,25 отсто), ќе ја зголеми дополнително во мај, веројатно за 50 базични поени.

Федералните резерви на САД (ФЕД) ја зголемија својата референтна каматна стапка во март за да се соочат со инфлацијата, највисока во последните 40 години, и изгледите таа да се влоши поради руската инвазија на Украина.

По дводневниот состанок во март, Комитетот за монетарна политика на ФЕД ги посочи ризиците од руската воена инвазија на Украина и санкциите.

„Краткорочно, инвазијата и поврзаните настани би можеле да извршат дополнителен притисок врз зголемената инфлација и негативно да влијаат на економската активност“, се вели во соопштението.

Во март 2020 година, ФЕД речиси ја спушти својата каматна стапка на нула за да ја поддржи економијата, која тогаш се соочуваше со ширење на Ковид-19. Меѓутоа, во последната година американската економија беше погодена од бран растечки цени.

Претседателот на Федерални резерви Џером Пауел рече дека институцијата ќе направи се што може за да ја спречи инфлацијата без истовремено да го блокира економскиот развој.

Со новото зголемување на каматите во мај треба да видиме што ќе прави Европската централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП