28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФутуристичкиот „Mercedes-Benz Vision EQXX“ станува сериски модел

Футуристичкиот „Mercedes-Benz Vision EQXX“ станува сериски модел

Концептниот прототип на „Mercedes-Benz Vision EQXX“, кој дебитираше во јануари 2022-ра година, беше дизајниран да го покаже потенцијалот на „Daimler“ во аеродинамиката, технологијата на батерии и композитните материјали.

На премиерата компанијата објави дека не гледаат изгледи за моделот, но сега е јасно дека тој може да стане сериски. Или барем делумно, пренесува „Move Electric“.

Концептниот автомобил беше развиен за само 18 месеци, што според индустриските стандарди е речиси невозможно. Не е јасно каква ќе биде судбината на „Mercedes-Benz Vision EQXX“, но портпаролот на компанијата изјави дека некои од поединечните решенија ќе најдат место во идните сериски автомобили на производителот од Штутгарт.

Овде не станува збор само за специфични компоненти и технологии, туку и за софтверот и дигиталните алатки кои се користат во развојот на автомобили, како и воопшто за пристапот кон создавање на нови модели на „Mercedes-Benz“.

Меѓутоа, во исто време, извршниот директор на „Mercedes-Benz“, Маркус Шефер и главниот дизајнер на брендот Гордон Вагенер, навестија дека со некои промени и во технологијата и во дизајнот, концептниот автомобил „Mercedes-Benz Vision EQXX“ ќе стане сериски електричен автомобил. Премиерата на овој модел се очекува да се случи во 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП