19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрендот од САД се шири низ целиот свет: Се повеќе луѓе бараат...

Трендот од САД се шири низ целиот свет: Се повеќе луѓе бараат нови работни места

Незадоволството од работните услови, неинспиративните работни места и лошите шефови кои ги тераат луѓето да бараат нови работни места станаа глобален тренд.

Периодот кој во западните медиуми го нарекуваат „Голема оставка“ (The Great Resignation) и кој најмногу ги погоди САД, се шири и во другите делови на светот.

Соединетите Американски Држави сè уште го држат водството на ова поле (според последните податоци секој месец поднесуваат оставки околу 4 милиони луѓе), но сега им се придружуваат и Велика Британија, Австралија и Франција.

Додека експертите велат дека бранот на „оставки“ не се материјализирал во земји како Германија и Сингапур, анкетите покажуваат дека и тамошните работници размислуваат за тоа.

Декемвриското истражување на сајтот за вработување Индид, покажува дека речиси половина од 1.000 работници во Сингапур не се сигурни дали ќе останат на нивните сегашни позиции во следните шест месеци. Речиси една четвртина имаа намера да го напуштат работодавецот во првата половина од оваа година. Податоците на LinkedIn за јануари покажаа значително зголемување на бројот на работници кои ја менуваат индустријата во Шпанија, Холандија и Италија во споредба со почетокот на 2021 година.

Во студијата која ја нарачана компанијата Слак, која ги опфаќа Австралија, Обединетото Кралство, САД, Германија, Јапонија и Франција, отвореноста за барање нова работа расте секој квартал од јуни.

Извештајот на Форумот на иднината објавен во јануари покажува дека 53% од работниците во Франција и 55% во Германија и Јапонија се отворени за барање нови работни места следната година. Тој број се зголемува на 64% во Австралија и 60% во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП