1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВучиќ победник во првиот круг на претседателските избори во Србија

Вучиќ победник во првиот круг на претседателските избори во Србија

Александар Вучиќ на прес-конференција прогласи победа на претседателските избори во Србија.

Според првичните процени на Центарот за слободни избори и демократија, Вучиќ освоил 59,9 отсто од гласовите што е повеќе од неопходните 50 отсто за победа во првиот круг, додека второпласираниот Здравко Понош освоил 17,3 отсто.

За резултатите од парламентарните избори во земјата, Вучиќ рече дека неговата партија Српска напредна Странка добила околу 44 проценти од гласовите на паралментарните избори што според него ќе значи 124 или 125 пратенички места.

Излезноста на изборите во Србија изнесува 58,79 отсто што е најмногу во последните 10 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП