9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ39. ден војна во Украина: Експлозии во Одеса, Русија отвори нов хуманитарен...

39. ден војна во Украина: Експлозии во Одеса, Русија отвори нов хуманитарен коридор

39-от ден од војната во Украина беше одбележан со експлозии во Одеса, но и со најави од Москва дека руските вооружени сили на полноќ отвориле хуманитарен коридор за странци од Мариупол до Бердјанск.

Кабинетот на градоначалникот на Одеса соопшти дека имало воздушен напад, а според Униан биле снимени и неколку експлозии, пренесува РТС.

Ројтерс и локалните медиуми ги пренесоа зборовите на очевидци дека се слушнале серија експлозии и дека над градот се гледа чад.

Член на украинскиот преговарачки тим тврди дека Русија ги прифатила условите на Киев, со исклучок на прашањето за Крим.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека се отворени хуманитарни конвои од Мариупол и нагласи дека евакуацијата е можна само со помош на властите во Киев и со почитување на прекинот на огнот.

Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малар вели дека армијата воспоставила контрола врз целата територија на Киевската област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП