19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајголем баксуз во светот: Искрши ново Ферари по 3 километри возење

Најголем баксуз во светот: Искрши ново Ферари по 3 километри возење

По само три километри возење во сосема ново Ферари, вредно над 300.000 долари, несреќниот сопственик успеал да го искрши својот луксузен спортски двосед.

Светло-црвениот луксузен спортски автомобил, веројатно Ферари 488, бил единствениот учесник во сообраќајната несреќа што се случила во англискиот град Дерби.

Фотографија од урнатиот автомобил беше објавена на Твитер од полицијата во Дербишир.

„Возачот утрово купи Ферари и го искрши по помалку од три километри. Никој не е повреден“, се вели во соопштението на сообраќајната полиција во Дербишир.

Портпаролот на полициските медиуми изјави дека полицијата добила повик од итната помош нешто пред 23 часот. Во судирот учествувало само едно возило. Никој не е повреден.

Возачот не е уапсен, а автомобилот е однесен на поправка.

Беше 1-ви април, но на сопственикот секако не му беше смешно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП