4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа некои им одговара енергетската криза: Ирак во март заработи најмногу...

На некои им одговара енергетската криза: Ирак во март заработи најмногу пари од извоз на нафта во последните 50 години

Ирак во март извезол нафта во вредност од 11,07 милијарди долари, најмногу во последните 50 години, додека цените на суровата нафта се зголемиле поради стравувањата од прекини во снабдувањето по руската инвазија на Украина, соопшти Министерството за нафта.

Ирак, вториот по големина производител во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), извезе 100.563.999 барели во вредност од 11,07 милијарди долари, што е највисок приход од 1972 година“, соопштило министерството.

Податоците објавени во петокот се прелиминарни, но конечните податоци „обично не се разликуваат“ многу, рече портпаролот на министерството, кој сакаше да остане анонимен.

Во февруари приходите од нафтата достигнаа највисоко осумгодишно ниво од 8,5 милијарди долари со дневен извоз од 3,3 милиони барели нафта.

Приходите од извозот на нафта сочинуваат повеќе од 90 отсто од приходите на Ирак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП