28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPhilip Morris го проширува бизнисот во Грција

Philip Morris го проширува бизнисот во Грција

philip2

Меѓународниот производител на цигари „Philip Morris“ денес најави основање на европски дистрибутивен центар во Грција, во склоп на своите планови за проширување на бизнисот во таа презадолжена земја.

„По договорот што го потпишавме во февруари, нашето складиште во Агринио сега ќе го претвориме во дистрибутивен центар на „Philip Morris“ за цела Европа“, изјави генералниот директор на компанијата во Грција, Никос Теофилопулос, а пренесува агенцијата Франс прес.

Кон крајот на февруари, „Philip Morris“ се обврза на купување на половина од грчкото производство на цигари во наредните три години.

Подрачјето Агринио, некогаш познато по производството на цигари, во изминативе неколку години е соочено со губење на својата репутација.

„За „Philip Morris“, Грција е земја од стратешко значење во поглед на ориенталниот тутун. Во изминатата деценија нашите инвестиции во Грција надминаа сума од 600 милиони евра“, изјави Теофилопулос по состанокот со грчкиот премиер Антонис Самарас и министерот за земјоделство Атанасиос Цавтарис.

Од почетокот на должничката криза во 2010 година, грчката економија настојува да се опорави, бидејќи претрпе огромна штета поради тешката рецесија и се соочи со зголемувањето на невработеноста на 27 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП