3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделците го чекаат државното земјиште за производство на житарки, владата со недели...

Земјоделците го чекаат државното земјиште за производство на житарки, владата со недели крои планови како да го дели

Земјоделците секојдневно го чекаат огласот на министерството за земјоделство за распределба на државното земјиште за производство на житни култури. Властите пак со недели кројат планови, како тоа да се дели. Земјоделците стравуваат дека доколку продолжат вака да се однесуваат надлежните ќе има големи недостатоци од житарици годинава и идната година. Дополнителен проблем за земјоделците е и огромниот раст на цената на природните ѓубрива.

Министерството за земјоделство во најбрз можен рок да го објави огласот за распределба  на државното земјоделско земјиште, апелираат од Асоцијацијата на земјоделци. Од ова здружение посочуваат дека не смее да се губи ниту ден повеќе. Потребно е да се насадат и произведат многу повеќе житни култури од претходни години, во спротивно како држава ќе се соочиме со огромен проблем на недостатоци на житарки. Војната во Украина донесе и други проблеми. Дури 80 отсто од вешатчкото ѓубриво кое земјоделците од Македонија го користат се увезува токму од Русија и од Украина. Цената на вештачкото ѓубриво сега е поскапено за 300 отсто во споредба со периодот пред воениот конфликт.

„Цела земја која што е на располагање на државата, за неа треба да се објави тендер за да може секој земјоделец да добие под  концесија, и на тој начин автоматски ќе се зголеми самото производство на зрнести производи. Сега во овој пролетен период се пролетниот јачмен, пролетна пченица, овез, сончоглед, пченка. Трговците заедно со владата на Република Македонија треба да најдат дополнителни нови партнери од западно европските земји како Грција и многу други држави, кои навремено ќе треба да не снабдат со вештачко ѓубриво. Норамлно тоа ѓубриво ние ќе го платиме, но помошта која ни е ветена од страна нан државата да ја добиеме навремено. “ велат од Асоцијацијата на земјоделци.

Од Федерацијата на фармери велат дека постојано апелираат до властите за активирање на останатото државно земјиште со цел зголемување на производството.

„Храната ни е основно средство и најдобро оружје на нас како држава и затоа треба што повеќе да се произведува вкучувајќи ги сите ресурси. Ние долги години имаме недостаток на житни култури и затоа како државата секогаш увезуваме за да го надополниме тој недостаток. Апелираме како асоцијација со цел да се надмине оваа криза непходна е помош со репро материјали, да се гледа секоја педа на земја која може да се насее во оваа пролетна сеидба итно да биде на располагање на земјоделците за да не се соочиме со уште поголем проблем а тоа е недостаток на брашно“, велат од Национална федерација на фармери

И покрај тоа што оваа мерка беше најавена како клучна во борбата против недостигот на клучните житарки, надлежните повеќе од две недели прават планови како ќе се распределува државното земјоделско земјиште.  Од ресорното министерство велат дека целта е во ова време на глобална криза да се стави целокупното државно земјиште на располагање на земјоделците, со што ќе придонесе за зголемено  домашното производство на стратешките земјоделски култури.

„Во моментов секторот за земјишна политика и подрчаните единици  на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работат на утврдување на слободните обработливи површини на државно земјоделско земјиште коишто се погодни за одгледување на житни култури и кои можат да бидат предмет на давање под закуп, нои на нивно прочистување доколку има некакви правни пречки.Оваа постапка е во финална фаза и од следната недела ќе се започне со постапките пред Влада вклучително и со проверка на површините со агенција за катастар, за објавување на јавен оглас за давање на државно земјоделско земјиште под закуп за почеток за околу 6.000 хектари.“ велат за Денар од министерството за земјоделство

Пелагонија и Овчеполието според земјоделците се регионите најпогодни за житните култури. Од ресорното министерство за Алсат брифираат дека  најдоцна до крајот на неделава ќе биде објавен огласот за аплицирање. Точно ќе се знае како ќе се делат парцелите, кој ќе има право да аплицира и во кои региони од земјава ќе биде понудена државна земјоделска земја. Властите веќе најавија дека на огласот ќе бидат понудени 12 илјади хектари земјоделско државно земјиште. Во просек,  потребите на пченица на земјава за една година се 300 илјади тони, а очекувањата се дека оваа година ќе се произведат 250 илјади тони, останатите ќе мора да се купуваат од странство.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП